Ги забранија гатачите, бајачите, астролозите по српските телевизии (26.02.2009)
Барајчите, гледачите, маговите и исцелителите треба да ги напуштат телевизиските екрани во Србија до крајот на седмицата. Такво решение донесе Републичката радиодифузна агенција.
80-те кабелски оператори се предупредени дека треба да ги исклучат сите телевизиски канали на коишто бајачите ветуваат помош и ја злоупотребуваат довербата на наивните граѓани, а во исто време заработуваат на тоа, односно се работи за одредена врста на финансиска злоупотреба.
Донесениот закон од српската радиодифузна агенција забранува пренесување на програми при кои се манипулира со човечките слабости и доверба, неинформираност и незнаење. Во моментов во Србија има осум телевизиски канали, коишто предлагаат решавање на брачни и љубовни проблеми, магии, чудотворни лекарства за најтешки болести, астролошки прогнози и гледање на карти.
Извор: Дверибг.нет, Републичка Радиодифузна агенција