Отворен сајт „Културни богатства на Грчката Црква“ (02.03.2009)
Со благослов на Архиепископот Атински и на цела Грција Иероним е отворена нова веб страна „Културни богатства на Грчката Црква“ како резултат на соработка на невладината црковна организација „Солидарност“ и најголемата грчка компанија за телекомуникации „Hellenic Telecom“.
Веб страната оди на три јазика – грчки, руски и англиски. Нејзините посетители имаат единствена можност да ги видат ретките ракописи до коишто обично тешко се доаѓа во библиотека. Во каталогот од 135 ракописи и 59 стари испечатени книги, последните може и да се „прелистаат“. Може да се видат и фотографии на стари икони, крстови, резба во дрво, црковен инвентар под линкот „црковна уметност“. Во рубриката „музика“ се собрани 38 музички записи од богослужбени песни.
На интерактивна карта се наоѓаат и црквите и манастирите што се наоѓаат во тешко достапни и оддалечени предели – во планини и во села. Освен тоа покажани се и патиштата за доаѓање до тие објекти.
Извор: Patriarhia.ru