Митрополитот Јона зборува за задачите што стојат пред Праваславната Црква во Америка
 
 
 
 
 

Митрополитот Јона зборува за задачите што стојат пред Праваславната Црква во Америка (03.03.2009)

Новиот Поглавар на Православната Црква во Америка Митрополитот Јона не се согласува кога го споредуваат со Барак Обама. „Јас не се сметам за некој толку радикален“, изјави Поглаварот во своето интервју.

„Искрено говорејќи, јас малку време трошам на мислите за себе, мојата задача не е во тоа да го одредам своето гледиште, туку да разберам каква е волјата Божја во однос на Црквата.“

„Во Црквата треба да се случи голема внатрешна реформа“,рече Митрополитот.

Митрополитот Јона смета дека негова задача е и активна мисионерска работа и проповед. 60% од отприлика милион верни на Православната Црква во Америка, 70% од нејзините свештеници и 90% нејзините епископи на времето се имаат обратено во Православие од другите конфесии, нагласува тој.

Митрополитот Јона исто така сака да постигне единство на сите Православни во Америка и смета дека во далечна перспектива во Америка може да биде оформен еден за сите православен Синод со еден Патријарх.

 

Извор: Патриархиа.ру