Литургија на Претходноосветени дарови во Москва (04.03.2009)
Во средата од првата недела на Великиот пост Рускиот Патријарх Кирил отслужи Литургија на Претходноосветени дарови во храмот на Христос Спасителот во Москва.
После богослужбата Рускиот Патријарх им се обрати на присутните верни со беседа: „Постот како воздржување од обилна храна, молитвата како средство на соединување со Бог, милостињата како средство за соединување со ближните се три работи што влијаат на човечката душа.“
Според неговите зборови, целта на постот е да побуди во човекот ревност за духовен живот. Во секојдневните грижи ние забораваме за секојдневната неопходност да работиме на својата душа. Владиката истакна дека ревноста за духовен живот може да згасне. Затоа таа да прерасне во постојана навика потребно е она што светите Отци го нарекуваат „восредоточување на умот во срцето“.
Неопходно е, секој ден да размислуваме за тоа што се случува во нашата душа, да се подвргнуваме на строго самоиспитување на совеста“, рече Патријархот. Во тоа многу помага мудар и добар разговор со духовникот.
Патријархот истакна дека таквата состојба на умот – „собраност на умот во срцето“ – значи победа над гревот уште на ниво на помислите. Но, исто така е неопходно да се тренира и волјата. Во тоа помага постот со воздржанието.
Извор: Патриархиа.ру