Грчкиот Архиепископ Иероним смета на воспоставување тесна соработка со новиот Поглавар на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Грчкиот Архиепископ Иероним смета на воспоставување тесна соработка со новиот Поглавар на Руската Православна Црква (06.03.2009)

При средбата со новиот Амбасадор на Руската Федерација во Грција, Архиепископот Атински и на цела Грција Иероним изјави дека смета на воспоставување тесна соработка со новиот Поглавар на Руската Православна Црква - Неговата Светост Кирил.

„За време на разговорот, Рускиот Амбасадорот му напомна на Поглаварот на Грчката Православна Црква дека за една од поважните цели на својата работа во Грција го смета содејството за зачувување и развој на традиционално топлите односи меѓу едноверните народи на Русија и Грција.“ Амбасадорот В. Чхиквишвили му ја пренесе на Грчкиот Архиепископ поканата од Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил да ја посети Русија.

Од своја страна, Архиепископот Иероним рече дека смета на воспоставување тесна соработка со новиот Поглавар на Руската Православна Црква, со кој се има среќавано повеќепати досега. Тој ја истакна важноста за зацврстување на единството на Православните Цркви и народи, кое има особено значење во современите неедноставни услови.

Амбасадорот исто така го покани Неговото Блаженство како и членовите на Постојаниот Свет Синод на Грчката Православна Црква на традиционален ручек во Амбасадата на Руската Федерација во Грција по повод Денот на победата на Православието. Поканата беше прифатена со благодарност.

 

Извор: Патриархиа.ру