Празнување на 8 март во Православна Црква
 
 
 
 
 

Празнување на 8 март во Православна Црква (07.03.2009)

Заменик на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, протоереј Всеволод Чаплин, смета дека е во ред на жените да им се честита 8 март, но дека треба да се внимава да не се наруши постот.

 

„Оваа година денот на жените се совпаѓа со црковниот празник на Неделата на Православието. Православниот христијанин може целосно да ги искаже своите добри чувства кон сите свои сестри во Христос, кон жените кои припаѓаат на неговото семејство, на работниот колектив и така натаму“, изјави свештеникот за „Интерфакс-Религија“.

 

Но, во исто време тој повикува да не заборавиме дека оваа е времето на постот и дека „какви било празнувања не треба да го нарушуваат“.

 

Освен тоа, отец Всеволод кажа и дека треба да помниме дека „жените се достојни за нашето внимание секогаш, а не само на овој ден и не само во Неделата на Мироносиците, кога, според православното предание, се чествуваат жените“.

 

„Традиција на празнувањето 8 март влезе во нашиот живот, но православните не забораваат дека таа е поврзана со револуционарните движења, што им донесоа многу страдања да луѓето, особено на жените, од кои многумина ја прославија Црквата со мачеништво заради Христос“.

 

Според зборовите на протоерејот, „самиот живот ги оповргна мислењата кои беа прославувани од разни движења, што се обидуваа да ги изедначат жените и мажите во нивните општествени улоги“.

 

Свештеникот укажа на тоа дека жените и мажите имаат различна природа, „но дека таа во двата случаи се почитува во Црквата, бидејќи го носи во себе образот Божји“. И мажот и жената „имаат непроценлива вредност во очите на Бог“.

 

Извор: Интерфакс