Во Украина ќе бидат пренесени моштите на свети Спиридон Чудотворец
 
 
 
 
 

Во Украина ќе бидат пренесени моштите на свети Спиридон Чудотворец (10.03.2009)

Моштите на свети Спиридон Чудотворец ќе стигнат во Киев на 26 април, кога Православната Црква ја празнува Томина недела.

Од 26 април до 3 мај моштите ќе бидат изложени за поклонение во храмовите на Киево-печерската лавра. Потоа, уште една недела, до 10 мај, моштите ќе се наоѓаат во црквата на Сите Светии при соборниот храм на Воскресението.

На 10 мај, моштите ќе пропатуваат по поголемите градови на Украина.

По овој повод, Украинската Православна Црква подготвува издание на житието и акатистот на светиот Спиридон Чудотворец. Исто така, ќе има и икони на овој почитуван Светител, а снимен е и видео запис, посветен на неговиот живот и подвизите.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Православие.ру