Вознемиреност во Грција и низ целиот свет поради економската криза (11.03.2009)
Вознемиреноста доминира во животот на грчкиот народ, како и низ целиот свет воопшто, поради настанатата економска криза...
“Daily Greece”, му се обрати на Старец Ефрем од манастирот во Аризона. Многумина го сметаат за рамноапостолен, откако Америка доживеа нова Педесетница со 20 манастири кои тој ги подигна и чијашто мисија се проширува.
Го прашавме дали оваа економска криза ќе се зголемува и дали ние христијаните треба да преземеме нешто како правење залихи на храна и на материјални работи, покрај духовниот подвиг којшто мораме постојано да го практикуваме...
Ова беше одговорот којшто го добивме од отецот надлежен за комуникации во монашката заедница:
„Старец Ефрем едноставно ги советува луѓето да се подготват и да направат залихи на храна (можеби и на вода) за неколку месеци, бидејќи постои можност од голема економска криза во оваа година низ целиот свет. Ова треба да го прават без паника. Ако ништо не се случи, залихите на храна нема да бидат неупотребени...
Старецот исто така рекол дека овие неволји се резултат на гревот на луѓето и се опомена за луѓето да се покајат и да живеат христијански живот земјаќи учество во Тајните на Црквата.“
Извор: Greek Daily