Православни свештеници за првпат отслужија Литургија во главниот град на Виeтнам
 
 
 
 
 

Православни свештеници за првпат отслужија Литургија во главниот град на Виeтнам (13.03.2009)

Клириците на Владивостокската епархија први во историјата отслужија православна Божествена Литургија во главниот град на Виетнам Ханое.

 

Богослужбата беше отслужена на територијата на Рускиот центар за наука и култура, во рамките на пастирската посета на Виетнам на приморските свештеници од 5 до 12 март со благослов на архиепископот Владивостокски и Приморски Венјамин.

 

Потоа, клириците отслужија богослужба воочи празникот на Победата на Православието во градот Вунг тау.

 

Наредната пастирска посета на православното духовништво во Виетнам ќе биде за Велигден.

 

Извор: Интерфакс