Грузиската Православна Црква го одбележува денот на својата автокефалност (25.03.2009)
Грузиската Православна Црква на 25 март го одбележува денот на својата автокефалност. По тој повод во сите храмови во Грузија ќе се отслужат празнични богослужби.
Според Преданието, христијанството во Иверија го проповедале апостолите Андреј Првоповиканиот и Симон Кананит. Во 4 век Православието станало државна религија во Грузија. Во 457 година Грузиската Црква добила автокефалност од Антиохиската Црква.
Во 1801 година Источна Грузија влегла во состав на Руската империја. Во 1811 година Светиот Синод му го одзема чинот Патријарх на Антониј II и го поништил патријаршиството во Грузија. Од 30 јуни 1811 година Грузиската Црква имала статус на Грузиски егзархат на Руската Црква.
На 12/25 март 1917 година на Мцхетскиот собор со еднострана одлука била прогласена автокефалност на Грузиската Црква. Општењето меѓу Московската Патријаршија и Грузиската Црква било официјално востановено со одредба на Светиот Синод на Руската Православна Црква од 19 ноември 1943 година. Во 1989 година Цариградската Патријаршија ја потврдила автокефалноста на Грузиската Црква.
Извор: Патриархиа.ру