Во Британскиот музеј откриени мошти на 39 Светители (26.03.2009)
Џејмс Робинсон еден од управителите на Британскиот музеј, подготвува изложба за средновековна култура. За време на стандардниот преглед на предметите, одбрани за изложбата, тој случајно се задржал на преносливиот олтар од Германија, којшто бил донесен во Британскиот музеј во 1902 година, но досега не му било извршено никакво специјално истражување. За време на истражувањето, Робинсон открива во него десетици малечки икони на Светители и минијатурни реликвии, направени од злато, слонова коска, дрво и украсени со скапоцени камења. Секој од овие реликвии има минијатурен пергаментов сертификат и содржи мошти на Светител, опишан во сертификатот. Меѓу најпочитуваните мошти пронајдени во преносливиот олтар се моштите на свети Бенедикт Нурсиски (6 век). Честитчката со моштите од Светителот е обвиткана со свилено парче платно, кое само по себе е исклучително интересен предмет за истражување. Свилата е од 8-9 век и била произведена во Византија.
На задната страна на олтарот се испишани имиња на 40 Светители, што дополнително помага да бидат идентификувани моштите. Во олтарот се откриени 39 реликвии (едниот е веројатно изгубен при транспортот) со честици од мошти, а списокот со имиња почнува со свети Јован Крстител, а ги има и свети апостол Јаков, свети апостол Јован и света Марија Магдалена.
Извор: Guardian.co.uk