Во црквата на света великомаченичка Екатерина во Америка отслужена прва Божествена Литургија на англиски јазик (29.03.2009)
Во саботата на 28 март 2009 година, настојателот на храмот на света великомаченичка Екатерина (претставништво на Православната Црква во Америка при Московската Патријаршија) архимандрит Закхеј (Вуд) отслужи Божествена Литургија на свети Јован Златоуст во потполност на англиски јазик. На богослужбата пееја членовите на персоналот на Американската Амбасада во Москва кои се правослани христијани. На Литургијата присуствуваа Американци, руски студенти кои студираат англиски и парохијани од црквата на света Екатерина.
Се планира да се служи Божествена Литургија на англиски јазик најмалку еднаш месечно во парохијата заради потребите на православните христијани чив мајчин јазик е англиски, а исто така и како мисионерско средство за оние што зборуваат англиски, а кои сè уште не се запознаени со Православната Црква.
Извор: st-catherine.ru