Средбата на претседателот на САД со Цариградскиот Патријарх Вартоломеј може да биде одложена (01.04.2009)
Според повеќе извори планираната посета на претседателот на САД на Цариградската Патријаршија на 7 април е исклучена од официјалната програма на посетите на Барак Обама во Истанбул.
Се претпоставува дека оваа одлука е донесена под притисок на министерството за надворешни работи на Турција коешто се обидува да ја оневозможи личната средба на претстедателот со Патријархот Вартоломеј (можно е Патријархот заедно со други верски лидери на Турција да го посети Обама во неговиот оддел).
Големо незадоволство веќе искажа Архиепископот Димитриј којшто управува со Грчката православна архиепископија во Америка (Царигадска Патријаршија). Подготвено е писмо со потписи на 60 члена од Конгресот на САД коешто тие планираат да го предадат во Белата куќа.
Како што пренесува „Ромфеа“ одлуката на Обама е „нов удар“ за Грција и Цариградската Патријаршија.
Извор: Патриархиа.ру, Ромфеа