Изложба во Хонг Конг, посветена на преданието на исихазмот (09.04.2009)
Православниот Митрополит на Хонг Конг и Јужна Азија (Цариградска Патријаршија) заедно со парохијата на светите апостоли Петар и Павле (Московска Патријаршија) подготви и организира изложба посветена на исихастичкото предание на Православната Црква. Изложбата беше отворена на 2 април, а ќе трае до 18 април. Митрополитот Нектариј објасни за целта на духовното значење на оваа изложба и на сите гости им подели мала бројаница и книшка на англиски и кинески јазик за Исусовата молитва.