На празникот Благовештение Рускиот Патријарх Кирил отслужи Божествена Литургија во Благовештенскиот соборен храм во Московскиот Кремљ (09.04.2009)
На 7 април, на празникот на Благовештение на Пресвета Богородица, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил отслужи Божествена Литургија во Благовештенскиот соборен храм на московскиот Кремљ.
После читањето на Евангелието Рускиот Патријарх со беседа им се обрати на присутните. „Денешниот празник на Благовештение на Пресвета Богородица е случување, кое навистина стана почеток на нашето спасение – рече Патријархот. На Бог Му беше угодно да влезе во човечката историја, да стане Еден од нас, да ја соедини Божествената природа со човечката, за однатре да го победи гревот и да го обнови паднатиот Адам.“
Според зборовите на Патријархот „Господ го создаде човекот слободен, и иако семоќен Бог не го твори спасението на човекот против неговата волја. Кога Архангелот Гаврил Ѝ јавил на Пречистата Дева и Ѝ ја возвестил благата вест, дека Таа ќе Го роди Спасителот на светот – тоа бил момент на вклучување на Божествената волја во животот на луѓето и согласност на сето човештво со тоа, во лицето на Дева Марија. Таа согласност како исполнување на смирението и како предаденост на волјата Божја бил неизоставен услов за Боговоплотувањето“.
Почитувањето на Божјата Мајка во Православната Црква секогаш беше поврзано со почитување на жената. Иако, во современиот свет се појавуваат разни опасни заблуди, една од кои е појавата на женското свештенство. Поглаварот нагласи дека „токму во тие конфесии што се откажаа од почитувањето на Божјата Мајка се појавија тие опасни и гревовни заблуди“.
„Пофалбата на жените и славата на женскиот пол е Пречистата Дева Марија Која го чува целиот свет, особено услишувајќи ја женската и мајчината молитва“, заврши Патријархот повикувајќи да Ѝ се молиме на Царицата Небесна.
На крајот од Литургијата Патријархот на сите уште еднаш им го честиташе празникот. Обраќајки се на Епископот Марк, му се заблагодари за многугодишната помош на местото заменик на претседател на Одделот за надворешните црковни врски. Во знак на благодарност Патријархот на Епископот Марк му врачи панагија.
После богослужбата Патријархот Московски и на цела Русија Кирил беше пречекан со пеење на празничен тропар од воспитаниците на московските неделни школи. На излезот од храмот, по обичајот, Патријархот пушти два бели гулаба.
Извор: Патриархиа.ру