Рускиот Патријарх Кирил прв пат отслужи молебен пред почетокот на чинот на варење миро (14.04.2009)
На 13 април, во понеделник на Страсната седмица, Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија отслужи молебен пред почетокот на чинот на варење свето миро во Мала соборна црква на Донскиот ставропигиален манастир. Чинот на варње миро ќе заврши на Велики четврток со осветување на мирото во Богојавленскиот соборен храм.
После молебенот Поглаварот одговараше на прашања за телевизиски канал „Русија“ говорејќи за Тајната Миропомазание и за чинот на варње свето миро: „Откако човекот ќе се крсти, се извршува Тајната на Миропомазанието. На тој начин слегува благодатта Божја на човекот. Духовната врска на човекот со Бог тогаш се зацврстува и човекот престанува да биде одделен од Бог...“
„Во раната Црква ова Тајна ја извршувале само епископите, но како се зголемувал бројот на верните тоа станало невозможно. И тогаш, со благослов на епископот свештениците почнале да ги помажуваат луѓето изобразувајќи го крсниот знак со мирото, што секогаш го осветувал Поглаварот на Црквата, на одредени делови од телото.“
Патријархот изјави: „Ние денес започнавме со варење на мирото. Светото миро се состои од: масло, вино и разни ароматични треви, познати уште од старозаветниот период. Сето тоа ќе се вари три дена во соодветен за тоа котел, а потоа на Велики четврток за време на Литургијата ќе се изврши осветување на мирото.“
Осветување на мирото е едно од свештенодејствијата на Православната Црква, кое се извршува во Стасната седмица. Според Преданието овој чин го извршува само Поглаварот на Помесната Православна Црква, и тоа не секоја година, а зависно од тоа колку од мирото е потрошено во претходните години.
Осветеното миро со благослов на Поглаварот се раздава по епархиите и се користи за Светата Тајна Крштение и за осветување на храмовите.
Извор: Патриархиа.ру