Владата и Црквата во Грузија потпишаа спогодба за соработка
 
 
 
 
 

Владата и Црквата во Грузија потпишаа спогодба за соработка (28.04.2009)

На 24 април помеѓу грузиската Влада и Православната Црква во Грузија е потпишана спогодба за соработка околу ресоцијализација на осудени лица кои се лишени од слобода. Со спогодбата се предвидува осудените да извршуваат општественополезна работа во цркви и манастири, како и да бидат охрабрени да учествуваат во црковниот живот, соопштува весникот „Слободна Грузија“. Министерот за издржување казна, испитување и правна помош Дмитриј Шашкин им соопшти на новинарите дека според спогодбата некои категории затвореници можат целиот свој рок на издржување казна да го поминат во манастирите, извршувајќи општествено полезена работа.

 

Извор: Дверибг.нет