Во Италија ќе се гради прва романска православна црква
 
 
 
 
 

Во Италија ќе се гради прва романска православна црква (29.04.2009)

Православните Романци во Италија наскоро ќе имаат своја прва црква на полуостровот, во местото каде што се наоѓаат и моштите на свети Николај Чудотворец.

Во Италија ќе биде изградена првата православна романска црква, откако властите во Бари минатата седмица го потврдија решението за градба. Во моментов во сите останати парохии на Романската Православна Црква во Италија се одржуваат богослужби на места, кои се отстапени од Католичката црква.

 

Извор: Дверибг.нет