Романскиот Патријарх Даниил се сретна со Архиепископот Волоколамски Иларион од Руската Црква
 
 
 
 
 

Романскиот Патријарх Даниил се сретна со Архиепископот Волоколамски Иларион од Руската Црква (06.05.2009)

На 5 мај во патријаршискиот дворец во Букурешт се сретнаа Романскиот Патријарх Даниил и претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски Иларион, кој престојува во Романија со благослов на Рускиот Патријарх Кирил како претседател на делегацијата на Руската Православна Црква за богословска консултација со претставници на Романската Православна Црква.

Владиката Иларион на Романскиот Патријарх му ги пренесе братските добри желби од Поглаварот на Руската Православна Црква. Во срдечниот разговор се разгледаа различни прашања во врска со меѓуцрковните односи кои ги засегаат двете страни.

Учесници на средбата беа и Архиепископот на Крајова и Митрополит на Олтенија Иринеј, Епископот Кипријан викар на Романскиот патријарх, заменикот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија протоереј Николај Балашов, професорот на Московската духовна академија протоереј Владислав Ципин, советникот на Романскиот Патријарх Михаил Тица, и ѓаконот Евгениј Роготи.

Патријаргхот Даниил организираше ручек во чест на делегацијата на Руската Православна Црква, на кој присуствуваа исто така и професорот протоереј Николај Дура и професорот Александар Стан.

 

            

Извор: Патриархиа.ру