Архиепископот Волоколамски Иларион се сретна со Антиохискиот Патријарх Игнатиј
 
 
 
 
 

Архиепископот Волоколамски Иларион се сретна со Антиохискиот Патријарх Игнатиј (20.05.2009)

На 19 мај во Дамаск Антиохискиот Патријарх Игнатиј го прими претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски Иларион кој престојува во Сирија во кратка работна посета со благослов на Рускиот Патријарх Кирил.

 

За време на разговорот се разгледаа актуелните прашања од животот на Православието. Исто така беа допрени теми поврзани со претстојната официјална посета на Рускиот Патријарх Кирил на Антиохиската Црква.

 

Архиепископот Иларион беше во придружба на заменикот на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија протоереј Николај Балашов и претставникот на Московската Патријаршија и цела Русија при Антиохиската Патријаршија архимандрит Александар (Елисов).

 

        

 

 

Извор: ОВЦС