Црква од 11 век во Несебар (Бугарија) повторно отворена за верните
 
 
 
 
 

Црква од 11 век во Несебар (Бугарија) повторно отворена за верните (20.05.2009)

Летната туристичка сезона во 2009 година во едно од најпопуларните места на Бугарија – древниот Несебар – започна со обновување на црквата на свети Стефан, изградена во почетокот на 11 век.

Храмот на свети Стефан, познат и како „Нова митрополија“ e еден од најстарите христијански храмови во Бугарија во кој потполно се сочувани фрески стари 400-500 години. На 11 мај црквата беше осветена и сега повторно може да се користи за богослужења. Реставраторите се погрижија да го возобноват храмот во оној вид во каков бил пред 1000 години. 

 

                                      

црква на свети Стефан, Несебар

 

        

црква на свети Јован Крстител                                                         црква на света Софија

  

Извор: Православие.бг