Претседателот на Русија Дмитриј Медведев се сретна со настојателот на Ватопедскиот манастир (23.05.2009)
На 21 мај настојателот на Ватопедскиот манастир на Света Гора архимандрит Ефрем се сретна со студентите од Санкт-петербрушката духовна школа.
Пред почетокот на средбата беше прикажан филм за Света Гора.
Одговарајќи на прашањата на студентите, архимандритот Ефрем раскажуваше за Ватопедскиот манастир. Отец Ефрем соопшти дека сега обителта е на второ место во ерархијата на манастири на Света Гора и има повеќе од 100 монаси. Во манастирот се примаат луѓе од разни земји, вклучувајќи ја и Русија. Манастирот има свои метоси во Романија и Русија, во Украина. Ватопедскиот манастир е единствената обител во светот во која се наоѓаат седум чудотворни икони на Пресвета Богородица. Покрај тоа, во манастирот се чува и чесниот појас на Богородица и многу свети мошти. Особено што 65 подвижници од оваа света обител се прославени како Светители.
Покрај посетата на Санкт-Петербуршката духовна академија архимандритот Ефрем се сретна со Претседателот на Руската Федерација Дмитриј Медведев. „Јас не го кријам тоа дека вашиот Претседател ме прими. Ние разговаравме околу два часа. Во него јас видов верник, човек којшто ја сака Русија, којшто ги сака Црквата и духовништвото” - ги сподели отец Ефрем своите впечатоци со студентите.
Одговарајќи на прашањето за монаштвото, архимандритот Ефрем истакна: „Во ова прашање неопходно е да се следи гласот Божји и своето срце. За да разбере човекот што е подобро за него – да се ожени или да стане монах, непоходно е да се посетат манастири. Ако се случи на младиот човек да му се допадне монашкиот живот и ако посака да го одбере токму тој пат во животот, тогаш треба да си најде духовник-монах, кој ќе го советува и ќе му помогне во понатамошното самоопределување.“
Извор: Патриархиа.ру