Рускиот Патријарх отслужи Божествена Литургија на Бутовскиот полигон (23.05.2009)
На 23 мај, на денот на празнувањето на светите Руски новомаченици и исповедници, кои пострадале во Бутово, согласно востановената традиција, се отслужи Патријаршиска богослужба. Прва Божествена Литургија под отворено небо на Бутовскиот полигон отслужи 16-от Поглавар на Руската Православна Црква Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил.
Рускиот Патријарх истакна дека само на Бутовскиот полигон се наоѓаат повеќе свети маченици од вкупно сите светители на сите Помени Православни Цркви. „Ако ние размислуваме за таа цифра, ќе сфатиме што значел подвигот на Руската Црква во 20 век. Ние знаеме дека во политичката терминологија се користи зборот „геноцид“. Тоа е страшен збор, под кој се подразбира истребување на народ. Ние никогаш не сме го применувале тој збор во однос на Црквата, но ако се зборува за страданијата на Руската Православна Црква, користењето на тој световен збор во полна мера ја одразува суштината на тоа што се случило. Црквата била физички скоро уништена. Тоа била пројава на човечката злоба, неправедност, тоа било торжество на ѓаволот.“
„Кој тогаш можел да помисли дека покрај овие гробови ќе се совршуваат свечени богослужби? Од само една таква мисла гонителите сигурно би останале неми. Не е ли сето она што се случило и што се случува сведоштво на силата Божја и на победата на Воскреснатиот Христос?“, изјави на крајот Владиката.
Извор: Патриархиа.ру