Заврши IV претсоборна сеправославна конференција
 
 
 
 
 

Заврши IV претсоборна сеправославна конференција (13.06.2009)

Вчера вечерта заврши со својата работа IV претсоборна сеправославна конференција. Таа започна во Неделата на Педесетницата со соборна архиерејска Света Литургија во храмот на свети апостол Павле на православниот центар на Цариградската Патријаршија во женевското предградие Шамбези и продолжи според програмата пет полни работни дена. Беа разгледани и конечно донесени принципите на организација на православната дијаспора низ светот надвор од канонските територии на помесните автокефални Православни Цркви, како и правилник за работа на соборите (синодите) на канонските епископи во одредените 12 региони на различни континенти.

Овие документи беа подготвени на меѓуправославните подготвителни комисии уште во 1990, 1993 и 1995 години и требаше во 1999 година да се донесат од претсоборната конференција како готови документи за идниот Свет и Вселенски собор на Православната Црква. Но тогаш конфликтот меѓу Руската и Цариградската Патријаршија заради новоформираната Естонска Црква го оневозможи одржувањето на конференцијата. Тоа стана возможно дури сега, после 10 години. На оваа конференција учество зедоа вкупно 26 делегати и 12 свештеници од 14 автокефални Цркви. За првпат не беа поканети делегати од автномните Цркви: Финска и Естонска.

Извор: Дверибг.нет