Одлуките на IV Сеправославна претсоборна седница
 
 
 
 
 

Одлуките на IV Сеправославна претсоборна седница (14.06.2009)

Согласно договорот помеѓу Поглаварите и претставниците на Помесните Православни Цркви за време на средбата на Фанар во октомври 2008 година, а потврдено во преписката што следеше, темата на IV Сеправославна претсоборна седница е разгледување на прашањето за канонското уредување на православната дијаспора. На почетокот на работата учесниците на таа седница се имаат договорено за дневниот ред. Прашањата од дневниот ред на Сеправославните претсоборни седници (начин за прогласување на автокефалност и автономија, а и поредокот на диптихот) ќе бидат разгледани на следните седници, после подготовката во Меѓуправославната подготвителна комисија.

На седницата е потврдено дека решението на проблемот околу канонското уредување на православната дијаспора, односно на верните што живеат надвор од традиционалните граници на Помесните Православни Цркви, треба да биде постигнато врз основа на еклисиологијата, канонската традиција и праксата на Православната Црква. Со таа цел е одобрено создавање, во повеќе делови на светот, на епископски собранија составени од сите канонски православни епископи кои управуваат со паствата на општината во одредено место. Дејноста на епископските собранија ќе биде насочена кон пројавување и зацврстување на единството на Православната Црква, кон општо пастирско служење на православните жители на регионот и кон заедничко сведоштво на надворешниот свет. Одлуките во собранијата ќе се донесуваат врз основа на концензусот на Црквите чиишто епископи ги претставуваат. Полномошната на епископското собрание не дозволуваат мешање во епархиската јурисдикција на секој од епископите и не ги ограничуваат правата на неговата Црква, што се однесува и на односите со меѓународните организации, државната власт, општеството, средствата за масовно информирање, другите конфесии, владините и меѓуконфесионални организации, а исто така и со другите религии.

На седницата е исто така одобрен доработениот проект на правилникот кој ги одредува основите на дејствието на регионалните епископски собранија во православната дијаспора.

Извор: Patriarhia.ru