Научна конференција „Културно наследство на Рилскиот манастир“ во Софија
 
 
 
 
 

Научна конференција „Културно наследство на Рилскиот манастир“ во Софија (21.06.2009)

Од 23-25 јуни 2009 година ќе се одржи научна конференција „Културно наследство на Рилскиот манастир – состојба и перспективи на истражување, заштита и реставрација“, организирана од Институтот за уметност на Бугарската Академија на науки во соработка со Народната библиотека „Свети Кирил и Методиј“.

Свеченоста е по повод 540-годишнината од враќањето на моштите на свети Јован Рилски во Рилскиот манастир. Тоа се случило на 1 јули 1469 година и ги вдахновило бугарските уметници и иконописци на создавање на разни уметнички дела, кои имаат достојно место во културната историја на Бугарија.

Конференцијата е дел од проектот „Музичко-ракописно наследство на Рилскиот манастир. Словенски музички ракописи – дигитализација и истражување“, под покровителство на Министерството за образование и наука. Во проектот ќе учествуваат музиколози, филолози, уметници и богослови.

Позната е големата улога на Рилскиот манастир во бугарска историја, а исто така во историјата на другите православни народи како и на Света Гора. Меѓутоа, некои делови од културното творештво на ѕидовите на овој свет манастир сè уште не се доволно истражени. На конференцијата, културното наследство на Рилскиот манастир ќе бидат разгледано на широк интердисциплинарен план – од аспект на историјата, филологијата, музиката, ликовната уметност, архитектурата, педагогијата итн.

Во деновите на конференцијата во Народната библиотека ќе биде отворена изложба „Словенски музички ракописи во Рилскиот манастир“. На изложбата ќе бидат прикажани постери од музички ракописи од библиотеката на Рилскиот манастир, а исто така и оригинални рилски музички ракописи од Народната библиотека.

Исто така ќе се одржи и концерт на православна музика во соработка со друштвото „Музика Христијана“, на кој ќе бидат изведени делата на рилските автори и на Петар Динев.

Извор: Православие.бг