Се одржа седница на Светиот Синод на Романската Православна Црква (22.06.2009)
На 18-19 јуни под претседателство на Романскиот Патријарх Даниил се одржа седница на Светиот Синод на Романската Православна Црква.
Синодот донесе решение 2010 година да се прогласи за година на Симболот на Верата и година на автокефалноста на Романската Црква по повод празнувањето во наредната година на 1685 години од одржувањето на Првиот Вселенски Собор во Никеја (325) и 125 години од моментот на признавањето на автокефалноста на Романската Православна Црква (1885).
Со решение на Светиот Синод е канонизиран преподобен Јоаникиј Нов Мушкелски. Денот на неговото празнување е 26 јули.
На седницата беа одредени критериумите за произведување на епархија во ранг на архиепископија. При тоа Светиот Синод произведе во ранг на архиепископија неколку епархии. За мудра архипастирска дејност и заслуги беа удостоени архиепископите Јустинијан Марамурешски и Сатмарулски и Епископот Јоан Ковашнски и Харгитски.
Беше формирана Девејска и Хунедоарска епархија, со резиденција во градот Дева и јурисдикција над областа Хунедоара.
Синодот го утврди Уставот за организација и функционирање на православната епископија во Италија.
На седницата беа одредени конкретните мерки за административната и финансиска дисциплина во Црквата на сите нивоа, во соодветност со црковното право и дејствителното законодавтсво.
Со тајно гласање Синодот избра нови архиереи на испразнетите катедри.
Извор: Патриархиа.ру