Презентација на прва грузиска аудио верзија на Бибилијата се одржа во Тбилиси
 
 
 
 
 

Презентација на прва грузиска аудио верзија на Бибилијата се одржа во Тбилиси (23.06.2009)

Во тбилиската книжарница „Библус“ се одржа презентација на првата аудио верзија на Библијата во Грузија. Ексклузивно право на продавање доби трговската мрежа на овие книжарници.

 

Аудио верзијата на Бибилијата се подготвувала за издавање во текот на три години. Нејзиното издавање Грузискиот Патријарх Илија II го нарече „проект на векот“.

 

На авторската група од името на Грузиската Православна Црква ѝ се забагодари Митрополитот Ахалцихски и Тао-Кларџетски Теодор.

 

„Ова издание дава можност да го слушаат Словото Божјо и оние луѓе кои поради разни причини немаат можност ја да читаат Библијата“, рече Митрополитот Теодор.

 

51 компакт-диск на аудио верзијата на Библијата ќе се продава по цена од 135 лари (околу 85 долари).

 

Извор: Патриархиа.ру