Православни мотоциклисти ќе достават од Муром во Јарославска епархија честички од моштите на светите Петар и Февронија
 
 
 
 
 

Православни мотоциклисти ќе достават од Муром во Јарославска епархија честички од моштите на светите Петар и Февронија (26.06.2009)

Денес, на 26 јуни почнува литија со мотоцикли Јарослав-Муром-Переслав чии учесници од Владимирската епархија во Јарослав ќе ја достават иконата со честички од моштите на светите Петар и Февронија – небесните покровители на семејството.

На 27 јуни светињата ќе биде присутна во Переслав, Борисоглебск, Ростов, Гаврилов-Јамск и Јарослав, соопштува «Интерфакс-религия».

Вечерта на 7 јули иконата со честичките на моштите ќе биде доставена во Вознесенско-Благовештенска црква во Јарослав, кадешто светињата ќе се наоѓа постојано.

 

На следниот ден во градот ќе има свечено отворање на споменикот на светите Патар и Фефронија, соопштува официјалниот сајт на Московската Патријаршија.

 

Минатата година на 8 јули споменот на светите муромски кнезови во Русија има добиено статус на официјалниот ден на семејството, љубовта и верноста, а на челото на организацискиот комитет беше сопругата на претседателот на РФ Светлана Медведева.

 

Извор: Благовест-инфо, РИА