Грузискиот Патријарх Илија II во посета на манастирски комплекс на руско-грузиската граница
 
 
 
 
 

Грузискиот Патријарх Илија II во посета на манастирски комплекс на руско-грузиската граница (28.06.2009)

Грузискиот Патријарх Илија II се моли на Господ за обединување и успокојување на Грузија и грузискиот народ. Тоа го изјави Поглаварот на Грузиската Црква во четврток при посетата на манастирскиот комплекс кој што се гради во пограничната со Русија Казбекска област.

„Должни сме да запомниме дека непријателот не спие – како внатрешниот, така и надворешниот. Затоа нашата молитва треба да биде посилна. Ние дојдовме во овој свет храм, за да Му се помолиме на Господ да ја благослови, обедини, успокои и израдува цела Грузија“ – изјави Патријархот.

Според зборовите на Патријархот, манастирскиот комплекс во Казбекската област треба да стане симбол на односите меѓу рускиот и грузискиот народ.

Манастирот ќе се гради на територија којашто е на руско-грузиската граница од 2007 година. Тука ќе бидат сместени и резиденцијата на претседателот и апартмани за Патријархот.

После посетата на манастирот, Грузискиот Патријарх замина во своето родно место кое се наоѓа во селото Сно (Казбекска област). Во Тбилиси ќе се врати во петок.

 

Извор: Патриархиа.ру