Погреб на блажениот Старец Јосиф Ватопедски: Насмевка од вечноста (04.07.2009)
На 1 јули во 18.00 часот се отслужи опелото на блажениот Старец Јосиф Вартопедски во католиконот на Манастирот Ватопед.
На погребот присуствуваа 4 Архиепископи, 10 игумени, Старецот Симеон Дионисијатски со настојателите на Света Гора, како и илјадници свештеници и стотици верни кои откако слушнаа за упокојувањето на блажениот Старец дојдоа во манастирот од многу страни на Грција и Кипар.
На погребот беседи одржаа: Митрополитот Лимасолски Атанасиј; игуменот на Ватопед Ефрем, кој како духовно чедо на Старецот особено ја нагласи неговата огромна татковска грижа. Потоа, Митрополитот на Касторија Серафим проговори за тоа како Старецот ги подучуваше мирјаните со своите утешителни и расудувачки слова и писма, дека беше пример за простување и долготрпеливост кон оние што неправедно го критикуваа и клеветеа. Во синодиконот игуменот на манастирот Симонопетра архимандритот Елисеј истакна дека Старец Јосиф беше вистински претставник на Света Гора, кој ги советуваше монасите огнено да Го љубат Бог. Секоја средба со Старецот беше доживување.
Оние што присуствуваа на опелото за последен пат го целиваа Старецот и имаа можност да го добијат неговиот благослов.
Погребението на Старецот не беше на манастирските гробишта, туку на североисточниот дел од католиконот, место коешто тој си го подготви уште пред неколку години.
Сите присутни беа уверени за почивањето на Старецот во крилото Господово. Емоциите беа измешани, тага помешана со воскресна радост.
Неговиот благослов нека почива на нас!