Романска Православна Црква: назначување на Епископијата на Арџеш и Мушчел во Архиепископија (06.07.2009)
На седницата на Светиот Архиерејски Синод на Романската Православна Црква во периодот 18/19 јуни се одобри:
1. Канонизиранието на Преподобниот Јоаникиј Нови од Мушчел Арџеш, којшто ќе се празнува на 26 јули секоја година.
2. Назначувањето на Епископијата на Арџеш и Мушчел во Архиепископија, по желбата на христијаните од ова место, а месниот Епископ во чинот на Архиепископ.
Овој духовен настан е дел од манифестациите посветени во чест на 650 години од празнувањето на Унгровлашката митрополија од страна на Цариградската патријаршија во 1359.
Истовремено се спомнува улогата на светителите: Јакинт од Вичина, првиот митрополит на Унгровлахија, чиј престол му беше во Куртеа де Арџеш, Неагое Басараб и преподобен Јоаникиј Нови од Мушчел Арџеш, за промовирањето на православните вредности во животот на романскиот верен народ.
Извор: Basilica.ro