Откриен е ангел Серафим од мозаик во Света Софија во Константинопол
 
 
 
 
 

Откриен е ангел Серафим од мозаик во Света Софија во Константинопол (27.07.2009)

Конзерватори во Света Софија во Константинопол ја извадија на површина претставата на еден ангел Серафим, која веќе 6 века била покриена.

Се работи за мозаик со исклучителна убавина кој прикажува еден Серафим. Како и останатите претстави, бил премачкан после падот на Константинопол и претворањето на Света Софија во џамија 1453 година.

Посетителите на импозантниот византиски музеј – симболот на Константинопол – ќе можат да го гледаат лицето на ангелот Серафим во основата на големата купола на Света Софија, која била прекриена неколку години по падот на Константинопол.

Цел на конзерваторите е сега да го извадат на површина и вториот ангел.

Минстерот за култура на Турција во саботата го посети музејот за да го види напредокот на последната фаза од реконструкцијата, која го откри мозаикот.

Откривањето на големиот и изразителен мозаик се смета за значајно, бидејќи уште многу од извонредно изработените мозаици на храмот стојат покриени веќе со векови.

По падот на Константинопол во 1453 година Турците наместо да ги тргнат мозаиците од Света Софија, ги покриле со метал и гипс.

Местото на новооткриениот мозаик се наоѓа во триаголната апсида која ја држи куполата на храмот.

По околу десетдневна постојана работа, конзерваторите извадија многу слоеви пластика и метал и успеаја да го откријат ангелот.

На крај, да се нагласи дека вистинската старост на мозаикот ќе произлезе откако Научната Комисија на Света Софија ќе ги изврши специјалните анализи и откако ќе ги спореди резултатите со други слични мозаици.

 

                                     

 

Извор: Romfea.gr