Посета на Архиепископот Волоколамски Иларион на Свештената Епистасија на Света Гора
 
 
 
 
 

Посета на Архиепископот Волоколамски Иларион на Свештената Епистасија на Света Гора (11.08.2009)

Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски г. Иларион денес ја посети Свештената Епистасија (Надзорништво) на Света Гора. Г. Иларион го пречека Првонадзорникот на Света Гора Старецот Симеон Дионисијатски, кој му посака добредојде во Градината на Пресвета Богородица и во канцелариите на Свештената Кинотита (Заедница).

При дочекот на г. Иларион, Првонадзорникот нагласи: „Ваше Високопреосвештенство, добредојдовте на Света Гора. За нас претставува особена радост тоа што ја посетивте Свештената Епистасија. Да му ги пренесете нашите молитвени поздрави на Патријархот Московски г. Кирил, за добро служење на кормилото на Руската Црква. Претставникот на манастирот Свети Пантелејмон беше на интронизацијата на новиот Московски Патријарх, а пред неколку дена го добивме и писмото на Патријаршијата за учеството на Свештената Заедница во интронизацијата“.

Архиепископот Иларион од своја страна нагласи: „Согласно со преданието, веќе многу години, делегација на Московската Патријаршија доаѓа на славата на Светиот Исцелител Пантелејмон. А оваа година Неговата Светост Патријархот Кирил ме определи мене да бидам на челото на руската делегација".

Веднаш потоа руската делегација го посети Протатот, каде што се поклонија на иконата на Пресвета Богородица „Достојно ест“.

Архиепископот Иларион го посети и манастирот Ивирон за да се поклони на иконата на Пресвета Богородица „Портаитиса“. Таму г. Иларион го прочита Акатистот на Пресвета Богородица на грчки јазик и десетици поклоници коишто беа таму беа восхитени што гледаат како руски архиереи го читаат Акатистот на грчки јазик.

На крај, Архиепископот Иларион го посети и Свештениот Скит на Свети Андреј, каде што се поклони на дел од главата на Првоповиканиот Апостол.

 

 

                    

 

Извор: Romfea.gr