Московската Патријаршија ќе има нов официјален сајт
 
 
 
 
 

Московската Патријаршија ќе има нов официјален сајт (24.09.2009)

Во најскоро време ќе биде направен единствен официјален сајт на Московската Патријаршија. Сајтот ќе биде направен на веќе постоечкиот домен на Патриархия.ru, но обликот на сајтот ќе биде сменет, ќе бидат поставени нови рубрики, соопшти претседателот на прес-службата на Патријаршијата свештеникот Владимир Вигилјански. Патријархот Кирил ја додели задачата за разработувањето на новиот сајт на г. Владимир Легојда, управител на Информативниот оддел на Светиот Синод на РПЦ и главен редактор на списанието „Тома“. Исто така ќе биде обновен и порталот Mospat.ru, сајт на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија. Отворањето на новиот формат на двата сајта – официјалниот сајт на РПЦ и сајтот на надворешниот оддел на МП – ќе биде во исто време. Некои вести ќе бидат објавувани и на двата сајта. После стартувањето, новиот официјален сајт на Руската Православна Црква ќе добива информации од три извори: Синодскиот информативен оддел, прес-службата на Патријаршијата и службата за комуникација на Одделот за надоврешни црковни врски.

Извор: Интерфакс