Свештената Заедница на Света Гора за дијалогот со Римокатолиците
 
 
 
 
 

Свештената Заедница на Света Гора за дијалогот со Римокатолиците (06.10.2009)

Свештената Заедница на Света Гора зазеде официјален став за конференцијата на Мешаната комисија за дијалог на Православните и Римокатолиците на Кипар.

 

1. Света Гора низ вековите е со Христовата Благодат верен чувар на светата Православна вера, која Божјите проповедници Апостолите ѝ ја предадоа на Црквата, нашите Богоносни отци со светите Вселенски Собори ја сочувале низ вековите неповредена. Ова предание верно го чувале и Светогорските отци пред нас.

 

2. Информирани дека на конференцијата на Мешаната меѓународна комисија за богословски дијалог меѓу Православната Црква и Римокатолиците, која во мошне скоро време треба да се одржи на Кипар, ќе се дискутира темата „Улогата на Римскиот епископ во општењето на Црквите во првиот милениум", нашата Свештена Заедница, не познавајќи го точно списокот со теми на споменатиот дијалог, ја изразува својата нагласена вознемиреност и загриженост, бидејќи се дискутира за Папскиот Примат без папизмот да ги отфрли своите еретички догми и својот световен карактер (државата на Ватикан). Единствената претпоставка за да се дискутира темата за Приматот е враќањето на Римокатолиците во Православната вера и во синодалниот живот на Православната Црква, а не „единството во различноста“ на догматите.

 

3. „Православната Црква е самата единствена Едната, Света Соборна и Апостолска Црква“ како што изјави Неговата Светост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј во сечесниот храм на Протатот на 21.08.2008 година при неговата посета на Света Гора. Истото ова го веруваме и ние и ќе останеме цврсти во сѐ што нашите свети Отци објавиле и проповедале.

 

Извор: Romfea.gr