Цариградската Патријаршија го оценува Киевскиот Митрополит Владимир како духовен водач на православните Украинци (07.10.2009)
Од Цариградската Патријаршија го оценуваат Киевскиот и на цела Украина Митрополит Владимир како духовен водач на православните Украинци. За време на средбата со Митрополитот Владимир во понеделникот пристигнатите во Киев претставници на Цариградската Патријаршија „истакнаа дека личноста на Митрополитот Владимир ги обединува сите православни верници во Украина, независно од тоа на кои јурисдикции тие припаѓаат“ – соопштува сајтот на Украинската Православна Црква.
Претставниците на Цариград му се заблагодарија на поглаварот на Украинската Православна Црква „за напорите во обединувањето на православните во Украина“ и соопштија дека целта на нивата посета е да придонесат за надминувањето на расколот во земјата. „Тие исто така истакнаа – се вели во соопштението – дека учеството на Вселенскиот патријарх во овој процес нема да има едностран карактер, туку ќе биде во соработка – пред сѐ со Украинската Православна Црква“.
Од своја страна, Митрополитот Владимир ги награди гостите и претседателот на општествената организација „За помесна Украина“ Петар Јушченко со јубилејни ордени „450 години од донесувањето на Почаевската икона на Божјата Мајка во Волина“.
Во составот на делегацијата на Цариградската Патријаршија беа Галскиот Митрополит Емануил, генералниот секретар на Светиот Синод Елпидофор и свештеникот Василиј Папатанасиу (во својство на преведувач). Тие уште се сретнаа со претседателот на Украина Виктор Јушченко, како и со поглаварот на непризнаената во православниот свет Киевска патријаршија на Филарет Денисенко. На средбата со делагацијата од Цариград, украинскиот претседател ја истакна „потребата од продлабочување и проширување на црковниот дијалог со цел да се надмининат меѓуправославните несогласувања и да се создаде единствена Православна Црква во Украина“ – соопштува прес-службата на украинскиот претседател.
Извор: Дверибг.нет