Со протести започна Кипарскиот состанок за богословски дијалог
 
 
 
 
 

Со протести започна Кипарскиот состанок за богословски дијалог (21.10.2009)

На 16 октомври во Пафос на островот Кипар започна средбата на Мешаната комисија за богословски дијалог помеѓу Православната и Римокатоличката Црква, која редовно се одржува на две години. Оваа година домаќин е Кипарската Православна Црква а темата за разгледување е Улогата на римскиот епископ во првото илјадалетие за единството на Црквата. Заседанијата ќе продолжат до 23 октомври. Спротивно на очекувањата во комисијата учествуват и преставниците на Московската Патријаршија, кои во 2007 година во Равена ги напуштија заседанијата на комисијата во знак на протест заради едностраната покана за учество на Естонската Црква, која не е признаена од РПЦ, во комисијата. Римокатоличкиот свештеник Елевтерио Фортино, кој е секретар на средбата, соопшти дека е постигнато согласие меѓу Константинопол и Москва и дека формалната полнота на преставниците на Православните Цркви е неопходна за успешниот крај на дијалогот. Потсетуваме дека со решение на Св. Синод на БПЦ од месец јули оваа година, Бугарската Црква го прекина своето учество во работата на мешаната комисија. Причината за бугарските архиереи е дека богословските дијалози помеѓу православните и римокатолиците не довеле до приближување на римокатоличката догматика до православната вероисповест.

Мешаната комисија се состои од 60 души - 30 православни и 30 римокатолици. Копретседатели се кардинал Валтер Каспер и Пергамскиот митрополит Јован Зизиулас.

Првиот ден на средбата помина со протести околу хотелот, во кој се одржува средбата, во кои учествуваа монаси од блискиот манастир Ставровуни (Крстова Гора), клирици на Китијската епархија (Ларнака) како и членови на христијански организации. Тие изјавија дека протестираат поради тоа дека мислат дека дијалогот помеѓу двете цркви, има за цел да ги потчини православните на папата.

Кипарскиот архиепископ Хризостом не ги поддржа протестите и ги повика сите клирици кои учествуваат на нив во понеделник во својот кабинет. Митрополитот на Пафос, Георгиј изјави дека целта на дијалогот е да ја утврди заедничката вера на православните и на римокатолиците, која била пред схизмата. Заради зголемувањето на бројот на луѓе околу хотелот, програмата на комисијата за првиот ден беше делумно изменета и учесниците не ја извршија закажаната заедничка молитва во храмот на свети Георгиј, молитва закажана како почеток на средбата. Заседанијата на средбите на мешаната комисија се затворени за јавност.

 

 

Извор: Дверибг.нет