Архиепископот Волоколамски Иларион го посети Кикскиот манастир на островот Кипар
 
 
 
 
 

Архиепископот Волоколамски Иларион го посети Кикскиот манастир на островот Кипар (22.10.2009)

На 20 октомври 2009 година претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски Иларион, кој престојува на островот Кипар по повод учество на заседанието на Мешаната комисија за дијалог меѓу Римокатоличката црква и Православната Црква, го посети манастирот на Пресвета Богородица Кикска.

Во манастирот Архиепископот Иларион и неговите придружници ги прими митрополитот Тамасоски Исаија, кој порано ја исполнуваше должноста на настојател на овој манастир.

Архиепископот Иларион се поклони на главната светиња на обителта – чудотворната Кикска икона на Божјата Мајка, го разгледа манастирските храмови и црковно-археолошкиот музеј, а потоа беше организирана трпеза со учество на братството на манастирот.

Потоа Владиката Иларион се упати кон врвот на планината Трони кон гробот на Архиепископот Макариј III, поглавар на Кипарската Православна Црква од 1950-1977 година, кој стана прв претседател на Република Кипар после добивањето независност во 1959 година. Архиепископот Иларион и неговите придружници испејаа „Вечнаја памјат“ на големиот служител на Црквата.

 

                                             

 

Извор: Mospat.ru