Средба на Архиепископот Волоколамски Иларион со Поглаварот на Кипарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Средба на Архиепископот Волоколамски Иларион со Поглаварот на Кипарската Православна Црква (25.10.2009)

На 22 октомври во градот Пафос (Кипар) се одржа средба на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски Иларион со Неговото Блаженство Архиепископот на Нова Јустинијана и Кипар Хризостом II. На средбата присуствуваше и Митрополитот Тамасоски Исаија.

Во разговорот што измина во братска атмосфера на соработка, се разговараше за широк круг на прашања коишто се од взаемен интерес.

Архиепископот Волоколамски Иларион му се заблагодари на поглаварот на Кипарската Црква за грижата за рускојазичната паства, којашто живее на Кипар. Истакнувајќи дека потребата за духовно раководство на рускојазичното население на островот сѐ повеќе се зголемува, Владиката предложи, соодветно со веќе востановената пракса, да се упатат идните свештенослужители на Кипарската Црква во духовните школи на Руската Православна Црква заради изучување на рускиот јазик и традицијата на руското Православие.

Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија му соопшти на поглаварот на Кипарската Црква за подготвеноста на Рускиот православен образовен центар во градот Ларнака да им подари на храмовите и манастирите на Кипар икони од руските светители. Неговото Блаженство Хризостом со благодарност ја прими предложената иницијатива, истакнувајќи дека почитувањето на руските светители е широко распространето меѓу верниците Кипрани.

Исто така беше разгледана перспективата за отворање на подворје на Кипарската Православна Црква при Московската Патријаршија и подворје на Московската Патријаршија на Кипар.

И двете страни ја истакнаа неопходноста од соработка на рамниште на претставништва на двете Цркви при Европските организации, особено при разгледувањето на темата на правата на човекот.

Тие ги разменија мислењата по прашањата коишто се поставени за седницата на Меѓуправославната претсоборна комисија, којашто ќе се одржи 10-17 декември 2009 година во Шамбези (Швајцарија).

Во спомен на средбата архиепископот Иларион му подари на Поглаварот на Кипарската Православна Црква панагија, направена во работилниците на Московската Патријаршија.

 

Извор: Оддел за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија