95. роденден на Бугарскиот Патријарх Максим
 
 
 
 
 

95. роденден на Бугарскиот Патријарх Максим (30.10.2009)

На 29. октомври 2009 г., на денот на својот 95. роденден, Бугарскиот Патријарх г. Максим го освети новоизградениот храм на Света Марина во просторот на Светата Митрополија на Софија.

Патријаршиската Света Литургија беше отслужена со учество на членовите на Светиот Синот на Бугарската Црква, многу викарни епископи како и мноштво верници.

Исто така, Патријаршиската Света Литургија ја проследија членови на владата и на парламентот на Бугарија, како и рускиот амбасадор во Бугарија г. Г. Исаков.

По завршувањето на Литургијата и на благодарствениот молебен Русенскиот Митрополит г. Неофит го поздрави Претстоителот на Бугарската Црква од името на Архиереите, клирот и паството.

На крај, да се наведе, дека писмата со честитки на Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил и на претседателот на одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија Архиепископот Волоколамски г. Иларион, ги прочита јеромонахот Зотик (Гаевски), кој е вршител на должноста благајник во метохот на Руската Православна Црква во Софија.

 

 

Извор: Ромфеа