Ерусалимската Црква го канонизира новомаченикот арх. Филумен
 
 
 
 
 

Ерусалимската Црква го канонизира новомаченикот арх. Филумен (30.11.2009)

Ерусалимската Патријаршија со синодско решение во неделата, на 29 ноември, изврши чин на вклучување во календарот на светителите на Православната Црква на игуменот на Манастирот „Изворот на Јаков“ во Самарија - јеромонахот Филумен. Патријаршиска Света Литургија во катедралниот манастирски храм на света Фотина Самарјанката отслужи Патријархот Теофил, којшто пред моштите на светителот прочита официјално решение за вклучувањето на новиот свештеномаченик во синаксарот.

 

Свештеномаченикот Филумен загинал маченички на 29 ноември 1979 година додека служел Вечерна служба. Светиот Филумен е по потекло од Кипар и како млад станува член на монашкото братство на Светиот гроб и до својот маченички крај исполнува послушание во светата обител „Изворот на Јаков“. Водел тивок и скромен монашки живот следејќи ги монашките идеали. Неговото последно служење било во манастирот на Изворот на Јаков, којшто бил многу посетуван и од Евреи, кои го сметаат и за своја светиња. Некои фанатици барале од отецот да го тргне крстот, но тој на сите трпеливо им обајснувал дека низ вековите светињата е на христијаните. Бил неконфликтен и тивок човек. На 29 ноември, на денот на свети Филумен, додека отец Филумен служел Вечерна служба, посечен е за време на богослужението од непознати лица, кои остануваат неоткриени. После убиството престапниците ја ограбиле црквата и фрлиле бомба во храмот. Четири години после неговото погребение, гробот е отворен од монасите, за да се изврши пренесување на неговите коски. Сите присутни виделе дека телото на архимандритот е нетлено и миомирисно. Гробот е затворен и е отворен повторно на Рождество 1984 година. Телото повторно било нетлено и миомирисно – знак дека маченички загинатиот Божји служител бил примен „во земјата на живите“. Моштите се поставени со благоговение во стаклен кивот и се положени во олтарот на Свети Сион, каде што се предмет на почитување долги години пред канонизацијата. Од оваа година свештеномаченикот Филумен е вклучен и официјално во синаксарот на Ерусалимската Патријаршија.

 

Извор: Двери.бг