Светиот Синод на Бугарската Црква не ја прифати оставката на Митрополитот на САД, Канада и Австралија Јосиф (02.12.2009)
Светиот Синод на Бугарската Православна Црква на вчерашното заседание донесе решение да не ја прифати оставката на Митрополитот на САД, Канада и Австралија Јосиф (Босаков). Неговата оставка стана предмет на разгледувања во последните две години, но сега за прв пат беше разгледана од Светиот Синод. Митрополитите се едномислени дека не можат да ја прифатат оставката на својот собрат, којшто по сѐ изгледа нема здравствени проблеми. Од друга страна, во овој момент, неговото дело во епархијата тешко може да биде продолжено од нов човек. Неговото служење таму во текот на повеќе од 27 години не беше лесно, но сигурно може да се определи како успешно, коментира член на Синодот на Бугарската Црква. Тоа даде добри резултати, беа донесени во неговата епархија и многу православни Американци, коишто во случај на нов Митрополит постои веројатност да отидат во друга православна јурисдикција. Позицијата на Митрополитот Јосиф меѓу останатите православни јурисдикции исто така се смета за многу добра, и се оценува како негово сопствено достигнување. Неговото смело однесување тука, и на заседанијата на Светиот Синод и на Црковно-народниот собор, се смета за гаранција дека здравото размислување може да надвладее во поглед на мисијата на Православната Црква денес.
Извор: Дверибг.нет