Најави за промена на календарот во Бугарија
 
 
 
 
 

Најави за промена на календарот во Бугарија (03.12.2009)

Согласно некои информации, Православната Црква на Бугарија можеби ќе одлучи за враќање на Јулијанскиот календар што значи дека Божик ќе треба да го празнуваат на 7-ми јануари наместо на 25-ти декември.

Некои постари архиереи разјаснија дека можеби Бугарија во 2009 година за последен пат ќе го празнува Божик на 25-ти декември, доколку Црквата го отфрли Григоријанскиот календар.

На 20-ти декември 2009 година Светиот Синод на Бугарската Православна Црква треба да заседава за да го разгледа барањето на една група верници и на нивниот свештеник од селото Челопечене, кои бараат да го празнуваат Божик на 7-ми Јануари. Барањето на свештеникот е поднесено на 20-ти ноември.

Локалниот свештеник Марио Димитров служел последниве 20 години според Јулијанскиот календар во својата парохија со посебна дозвола од Бугарскиот Патријарх Максим.

Оние кои го поднеле барањето потсетуваат дека еден сличен случај на враќање на Јулијанскиот календар во 1997 година ја повлекло поддршката на 5 епископи.

 

Извор: Romfea