На интернет објавен официјалниот црковен календар на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

На интернет објавен официјалниот црковен календар на Руската Православна Црква (04.12.2009)

На 3 декември Издаваштвото на Московската Патријаршија го објави на интернет официјалниот црковен календар на Руската Православна Црква. Тој е се наоѓа на сајтот на Издаваштвото, на веб страната: http://calendar.rop.ru

Електронската верзија во потполност одговара на печатеното издание, иако содржи многу повеќе пропратни информации – богослужбени инструкции, текстови од Светото Писмо за секој ден, кратки житија на Светиите, иконографски информации за чудотворните икони на Пресвета Богородица.

„Календарот има огромно значење за животот на Црквата – истакна протоереј Владимир Силовјев, главен редактор на Издаваштвото на Московската Патријаршија. – Ова издание му е  неопходно на секој свештеник, на секој мирјанин во секојдневната употреба. Тоа е потполно ускладено со богослужбената практика на Руската Православна Црква и претставува полезен информациски прирачник“.

Линковите овозможуваат брзо да се премине на потребните материјали: од месецословот – до житијата на светителите што се празнуваат на денот, до иконографските информации за празнувањето на иконите, богослужбените инструкции, како и до евангелските и апостолските чтенија на денот. Календарот содржи полн список на сите Собори на светителите. Исто така дадени се податоци за Помесните и Автономните Православни Цркви и нивите Поглавари, за синодалните установи на Московската Патријаршија, за епископатите, духовните школи, задграничните парохии и претставништа на Руската Православна Црква.

Извор: Патриархиа.ру