Православните бизнисмени во Русија добија свој небесен покровител
 
 
 
 
 

Православните бизнисмени во Русија добија свој небесен покровител (07.12.2009)

Преподобниот Јосиф Волоцки е прогласен за небесен покровител на православното стопанство и менаџмент.

 

Молбата до Рускиот Патријарх за именување на небесен покровител на економската активност беше иницирана од советот на експерти „Економика и етика“. Од своја страна, Патријархот на Москва и цела Русија Кирил ја благослови оваа иницијатива, соопшти во понеделник неговата Прес-служба.

На крајот на октомври Поглаварот беше во посета на Јосифо-Волоцкиот манастир во Московската област. При посетата, Патријархот зборуваше за преподобен Јосиф Волоцки: „Тој бил длабоко убеден дека е непоходно во Црквата да се привлечат и материјални ресурси, за да се пренесат на народот. Преподобниот во Црквата гледал извондерен инструмент за предавање на народните богатства од богатите на сиромашните. И според тоа сите обвинувања против преподобниот Јосиф за алчност – се лажни обвинувања“.

Преподобниот Јосиф Волоцки (1440-1515) влезе во историјата како ревносен поборник на Православието и заштитник на црковното и државното единство во борбата со ересите и црковните расколи, еден од поттикнувачите на учењето за Света Русија како преемничка и чуварка на древното вселенско благочестие.

Не помалку е позната неговата стопанска дејност, која имала за цел зајакнување на црковниот авторитет и влијание во јавните работи, проширување на материјалните можности на Црквата заради правење милосрдни дела.

 

Во 2015 ќе бидат одбележани 500 години од неговото упокојување.

 

Извор: Интерфакс