Во 2009 година на Валаам престојувалe повеќе од 120 илјади поклоници и туристи (14.12.2009)
Повеќе од 120 илјади поклоници и туристи оваа година го посетиле Валаамскиот манастир - соопшти Михаил Шишков, прес-секретар на игуменот на обителта Епископот Троицки Панкратиј.
Во недела, на 13 декември, манастирот одбележа 20-годишнина од своето возобновување.
На овој ден Руската Црква го празнува свети Андреј Првоповиканиот, со чиешто име се поврзуваaт преданието на манастирот и дрвната историја на овие места, кога апостолот стигнал до Ладожско езеро, а потоа до Валаам, каде што со крст ги благословил горите на островот.
Манастирот на Валаам бил основан во 14 век од преподобните Сергеј и Герман. Тој ја преживеал окупацијата од Швеѓаните во 18 век и Финците во 1919 година. После тешки борби во септември 1941 година островите биле предадени на непријателот и ослободени од советските војски дури во 1944 година. Прво тука постоело училиште за капетани на бродови, а потоа – дом-интернат за воени инвалиди, а подоцна –туристичка база.
Возобновувањето на обителта започна во 1989 година: ноќта помеѓу 13 и 14 декември на островот пристигнале првите шестмина монаси. Денес во братството има 160 луѓе, од кои дел живеат во самиот манастир, дел – во скитови, а исто така во метосите, кои припаѓаат на Валаамскиот манастир.
Извор: Интерфакс