Соопштение од Меѓуправославната подготвителна Комисија во Шамбези
 
 
 
 
 

Соопштение од Меѓуправославната подготвителна Комисија во Шамбези (16.12.2009)

Со апсолутна согласност заврши работата на Меѓуправославната подготвителна Комисија во Шамбези со која претседаваше Митрополитот Пергамски г. Јован со секретарска поддршка на Митрополитот на Швајцарија г. Еремија.

Меѓуправославната комисија за своја работа го имаше оформувањето на единствената позиција на помесните Православни Цркви во врска со прашањето за Автокефалијата и за начинот на нејзиното прогласување, како и изнаоѓањето на единствена позиција во врска со Автономијата и со начинот на нејзино прогласување.

 

А) Комисијата едногласно се согласи дека Вселенскиот Патријарх, изразувајќи ја согласноста на Црквата-мајка и сеправославната согласност, ја прогласува официјално Автокефалијата на Црквата, која тоа го бара, преку издавање на Томос за Автокефалија. Овој томос се потпишува од Вселенскиот Патријарх, а во него преку свој потпис сведочат Поглаварите на Светите Православни Цркви, поканети за тоа од Вселенскиот Патријарх.

Б) Комисијата во еден краток и прегледен текст ја запиша единствената позиција на Православните Цркви во врска со Автономијата и начинот на нејзиното прогласување, опишувајќи го поимот и содржината на Автономијата, процедурата за нејзино прогласување и последиците од неа.

В) Прашањето за Диптисите, поради недостаток на време, беше префрлено за следната Меѓуправославна подготвителна Комисија.

 

 

Извор: Ромфеа