Автономија и начинот на нејзино прогласување
 
 
 
 
 

Автономија и начинот на нејзино прогласување (17.12.2009)

МЕЃУПРАВОСЛАВНА ПОДГОТВИТЕЛНА КОМИСИЈА

(9-17 декември 2009 година)

 

АВТОНОМИЈА И НАЧИНОТ НА НЕЈЗИНО ПРОГЛАСУВАЊЕ

Одобрен текст

 

Меѓуправославната подготвителна комисија, којашто ја одржа својата работа врз основа на поднесоци на светите Православни Цркви и на извештајот на Секретаријатот за подготовка за Свет и Велик собор по прашањето за автономија и начинот на нејзино прогласување, ги проучи еклисиолошките, канонските и пастирските страни на статусот на автономијата, при што побара еднодушна формулирација на единственото сеправославно мислење по прашањето.

 

Прашањата коишто ги разгледа Меѓуправославната подготвителна комисија и коишто произлегуваат од предлозите во врска со прашањето во соодветните поднесоци на светите Православни Цркви, се однесуваат на:

 

А) смислата, содржината и различните форми на автономниот статус;

Б) условите за одредена помесна Црква да ја побара својата автономија од автокефалната Црква, на којашто ѝ е подредена;

В) Исклучителната надлежност на автокефалната Црква да ја покрене и да ја заврши процедурата за давање на автономија на дел од нејзината канонска јурисдикција, при што автономните Цркви не се воспоставуваат во географскиот простор на православната дијаспора;

Г) последиците од овој црковен акт по односите на прогласената автономна Црква како со автокефалната Црква од којашто зависи, така и со останатите автокефални православни цркви.

 

1. Статусот на автономија ја изразува на канонски начин состојбата на релативна или делумна независност на една одредена црковна територија од канонската јурисдикција на автокефалната Црква, кон којашто таа припаѓа.

А) При спроведувањето на овој статус во црковната пракса се оформиле степени на зависност, коишто ги засегаат односите на автономната Црква кон автокефалната, кон којашто таа припаѓа.

Б) Изборот на поглавар на автономната Црква се одобрува или остварува од надлежен црковен орган на автокефалната Црква, чијшто поглавар тој го спомнува и кон кој има канонска припадност.

В) При функционирањето на статусот на автономијата постојат разни форми на негово спроведување во црковната пракса, коишто се одредуваат од степенот на зависност на автономната Црква од автокефалната.

Г) Кај некои форми степенот на зависност на автономната Црква се изразува и преку учеството на нејзиниот поглавар во синодот на автокефалната Црква.

 

2. Започнувањето и завршувањето на процедурата за давање на автономија на дел од канонската јурисдикција на автокефалната Црква е во канонската надлежност на последната и кон неа припаѓа прогласената автономна Црква. На овој начин:

 

А) За барање автономија помесната Црква, ако поседува црковни и пастирски услови, поднесува соодветна молба до автокефалната Црква, кон којашто таа припаѓа, при што ги објаснува сериозните причини, што доведуваат до поднесување на нејзината молба;

Б) Автокефалната Црква, кога ќе ја добие нејзината молба, ги проценува на синодска седница условите и причините за поднесување на молбата и решава за давање или недавање на автономија; во случај на позитивно решение издава соодветен томос, којшто ги одредува географските предели и односите на автономната Црква кон автокефалната, кон која таа припаѓа, согласно востановените критериуми на црковното предание;

В) Поглаварот на автокефалната Црква соопштува до Вселенската Патријаршија и другите автокефални Православни Цркви за прогласувањето на автономната Црква;

Г) Автономната Црква учествува преку автокефалната Црква, од којашто ја добила својата автономија, во своите меѓуправославни, меѓухристијански и меѓурелигиски врски;

Д) Секоја автокефална Црква може да дава автономен статус само во границите на нејзината канонска географска територија; во просторот на православната дијаспора не се воспоставуваат автономни Цркви освен после сеправославен договор, потврден од Вселенскиот Патријарх според сеправославниот востановен ред;

Е) Во случај на давање на автономен статус на една и иста географска територија од две автокефални Цркви и при настанување, како резултат на тоа, на меѓусебно оспорување на автономијата од заинтересираните страни, заедно или посебно, тие му се поднесуваат на Вселенскиот Патријарх, за тој да најде канонско решение на прашањето според сеправославниот востановен ред.

 

3. Последиците, коишто произлегуваат од прогласувањето на автономијата за автономната Црква и нејзините односи кон автокефалната Црква се следните:

 

А) Поглаварот на автономната Црква го спомнува само името на поглаварот на автокефалната Црква;

Б) Името на поглаварот на автономната Црква не се запишува во диптисите;

В) Автономната Црква добива свето миро од автокефалната Црква;

Г) Епископите на автономната Црква се избираат и востоличуваат од нејзиниот надлежен црковен орган; во случај на докажана неспособност за тоа на автономната Црква, таа се потпомага од автокефалната Црква, кон којашто припаѓа.

 

 

Извор: Дверибг. нет