Семејството на свети Григориј Палама приброено кон соборот на светителите (23.12.2009)
На 20 декември во градот Верија беше објавено прибројувањето кон соборот на светителите на целото семејство на светиот Григориј Палама. Таму се одржа тридневен меѓународен семинар по повод 650 годишнината од успението на големиот црковен отец и учител Свети Григориј Палама. Константинополскиот Патријарх Ватоломеј го објави вклучувањето во синаксарот на Православната Црква на родителите на свети Григориј Палама – Констанција и Калонис, неговите сестри Епихари и Теодота и неговите браќа Теодосиј и Макариј. Сите тие пошле по патот на монаштвото. Во словото после Светата Литургија Атинскиот Архиепископ Иероним го истакна значењето на делото на свети Григориј Палама за Православието: „Богословието на свети Григориј Палама помогнало да се сочува православното богословие, тоа му помогна на современото богословие да се ослободи од схоластиката и морализмот... Во Византија на прво место не биле философот, моралистот, туку подвижникот на животот во Христа...“ Сите членови на семејството на големиот богослов одамна се почитувани како светители по местата на нивното подвизување во Верија, а фактот дека во нивното пославување зедоа учество и преставници на Цариградската, Александриската, Антиохиската, Ерусалимската и на други помесни Православни Цркви говори за вселенското почитување на семејството на светителот. На крајот на своето слово Архиепископот Иероним изјави: „Денес имаме потреба од семејства коишто се вдахновуваат од животот во Црквата. Во предвечерието на Рождество Христово, Витлеемската ѕвезда нека го просветли нашиот живот, како што семејството на свети Григориј Палама – сите христијани“.
Извор: Dveribg.net